Македонија Сончево и многу топло време со температура до 42 степени

Сончево и многу топло време со температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 33 до 42 степени. УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 18 Целзиусови степени, а дневната до 41 степен.

Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигне повеќе од 35 Целзиусови степени, а на места долж Повардарието ќе надмине 40 степени.