Македонија Сончево и многу топло време, попладне со услови за појава на нестабилност

Сончево и многу топло време, попладне со услови за појава на нестабилност

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Попладне на повеќе места ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и со грмежи, а не е исклучено, локално овие процеси да бидат и поинтензивни. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура се движи од 11 до 20 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Утравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, сончево и многу топло, а попладне со услови за појава на нестабилност со пороен дожд и со грмежи. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 35 Целзиусови степени.