Македонија Сончево и многу студено време

Сончево и многу студено време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб претежно северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и можна е појава на ретка магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 15 до минус 5 Целзиусови степени, а дневната од минус 2 до 5 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, со максимална температура до 2 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пониска утринска температура, додека дневната ќе биде повисока за 2 до 5 Целзиусови степени.

Најстудено утринава било во Берово со минус 21 Целзиусов степен, а најголема висина на снежната покривка има во Маврово каде што таа изнесува 71 сантиметар.