Економија „Солидарност“ ќе го оспори законот за хонорари на Уставен суд

„Солидарност“ ќе го оспори законот за хонорари на Уставен суд

Левичарското здружение „Солидарност“ најави дека пред Уставниот суд ќе се обиде да ги оспори дел од законите според кои се воведени измените за плаќање придонеси и за хонорарите.

Освен претставката до Уставниот суд, од здружението најавуваат дека ќе продолжат и со организирање протести против овие законски измени кои стапија на сила на почетокот на оваа година.

Досега повеќе организации, друштвата на писателите и на ликовните уметници, Здружението на новинарите, дел од синдикатите, невладините организации, преведувачи, глумци, музичари и други хонорарни работници соопштија дека се против овие измени.