Свет Балкан Сојни: Грција со децении ќе и задава главоболки на еврозоната

Сојни: Грција со децении ќе и задава главоболки на еврозоната

Грција со децении ќе и задава главоболка на еврозоната, оцени финскиот евроскептик и министер за надворешни работи Тимо Сојни, повикувајќи го Меѓународниот монетарен фонд да учествува во новиот пакет на финансиска помош за Грција.

– За жал, овој проблем ќе биде пред нас со децении, доколку еврозоната остане целосна, рече Сојни во интервју за финската државна телевизија.

Учеството на ММФ во новата финансиска помош, во вредност на 86 милијарди евра, е несигурно поради барањата на фондот да за отпишување на дел од долгот на Грција.

– Кратење на долгот е надвор од прашање, а и Германија е против тоа… За другите прашања, како што е пензионирањето и каматните стапки) ќе мора да преговараме – рече Сојни.

Според шефот на финската дипломатија, учеството на ММФ ќе ја зајакне експертизата за финансискиот пакет, а исто така ќе ја принуди Грција да ги спроведе програмите.