Главна секција Собранието вонредно и скратено ќе расправа за законите за високо образование и...

Собранието вонредно и скратено ќе расправа за законите за високо образование и за хонорарци

Собранието ненадејно, денеска, во 13 часот, ќе ја одржи 36. седница, на која на дневен ред ќе бидат измените на Законот за плаќање придонеси на хонорарците и измените на Законот за високо образование.

Сите измени на законите се планираат да се донесат по скратена постапка.

Предлозите за изменување и за дополнувње на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за здравственото осигурување и на Законот за работните односи се поднесени од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Крсто Мукоски и Александар Николоски.

Измените на Законот за високо образование што го вклучуваат и државниот испит, кој беше замислен да почне да се применува како пилот-проект во учебната 2016/2017 година, ќе се менува неполн месец откако беше изгласан на 14 јанурари. Законот за плаќање на здравствено и пензиско осигурување за хонорорарните работници беше усвоен на 24 јули минатата година, а стапи на сила од јануари оваа година.

И за двете законски измени се одржаа масовни протести со барања за повлекување на законите. И покрај овие предложени измени на законите, кои пратениците треба да ги изгласаат денеска, студентите за утре закажаа седми пленум, на кој ќе се разговара за окупација на универзитетите, а хонорарците за петок тринаесетти, односно за 13 февруари, најавија голем протест.