среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: хонорарци | 28 резултати

Уставен суд ја отфрли иницијативата за оспорување на законот за хонорарци

октомври 21, 2015

Уставниот суд ја отфрли иницијативата со коjа се оспорија законските решенија за плаќање задолжителни придонеси за хонорарците бидејќи оспорените одредби повеќе не важат. Претставката до Уставен суд беше поднесена од 7.000 граѓани, за утврдување на неуставност на пакетот закони со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарците. Владата, пак, законот за придонеси за хонорарци го укина во јули. Со […]

Хонорарците среќни, работодавците пријатно збунети, Владата „излегла во пресрет“

јули 29, 2015

Укинувањето на законот за хонорарци предизвика различни реакции во јавноста, но оние кои беа меѓу засегнатите, како што се културните работници, сметаат дека тој направи штета од моментот кога се помислило на него. – Криејќи се зад наводна социјална грижа, донесоа закон што беше толку дискриминациски и неправеден на безброј нивоа, што однапред сугерираше дека самата […]

Се укинува законот за придонеси за хонорарци

јули 29, 2015

Законот за придонеси за хонорарци се укинува. Предлогот помина вчера на владина седница. Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, укинувањето на плаќањето на придонесите на хонорарците се прави од причина што „со други мерки на Владата на Република Македонија се исцрпеа ефектите што беше предвидено да се постигнат“. – Во последниот период се реализираше проектот […]

Хонорарците и волонтерите во градинките ќе добијат решенија за вработување

јуни 29, 2015

Договорите за хонорарци и за волонтери ќе се трансформираат во редовен работен однос на 662 вработени во детските градинки во земјава. – Трансформацијата ќе се реализира во три фази, односно околу 230 согласности и договори за транформација ќе бидат потпишани веднаш или до крајот на овој месец, потоа во втората фаза се околу 220 договори и во […]

„Ајде“ поднесе повеќе од 6.000 претставки до Уставен суд

април 24, 2015

Повеќе стотина граѓани денеска се собраа на протестен марш од Министерството за финансии до Уставниот суд, каде поднесоа повеќе од 6.000 претставки против законите со кои на хонорарците им се наметнува да плаќаат придонеси за здравствено, пензиско и за инвалидско осигурување. – Денеска сме дојдени со оваа вага, која би требало да ја означи правдата во […]

„Ајде“ собра 110 потписи во Штип

април 17, 2015

Штипската Фондација за локален развој успеала да собере 110 потписи во рамките на акцијата на граѓанската иницијатива „Ајде“, за оспорување на таканаречениет Закон за хонорарци. Во Штип поголемиот дел од потписите се на актери, преведувачи и на невладини активисти. Платформата за граѓански политики „Ајде“ успеала да собере повеќе од 5.500 потписи од граѓаните. Со потписите, до Уставниот […]

Стружани со поддршка за оспорување на уставноста на законите за хонорарци

март 24, 2015

Центарот на заедницата при локалната самоуправа во Струга се приклучи кон акцијата на Платформата за граѓанска политика „Ајде“ за оспорување на уставноста на пакетот од осум закони со кои на хонорарците им се наметнува обврска за плаќање придонеси за здравствено и за пензиско и инвалидско осигурување, јавуваат од агенцијата. Од Центарот повикуваат секој полнолетен граѓанин да […]

„Ајде“ собира потписи за оспорување на законот за хонорарци

март 23, 2015

Членовите на платформата за граѓанска политика „Ајде“, почнаа да собираат потписи за групна претставка до Уставен суд за оспорување на уставноста на пакетот од осум закони со кои на хонорарците им се наметна да плаќаат придонеси за здравствено, пензиско и за инвалидско осигурување. – Иницијатива ја поднесуваме бидејќи со осумте закони се повредуваат правото на […]

СДСМ: Владата да ги повлече законите за хонорарци

февруари 14, 2015

Власта на Никола Груевски да не манипулира со законите што ги кратат хонорарите за задоволување на дневно-политички потреби и да го повлечат пакетот закони кои директно удираат по егзистенцијата на граѓаните, побара денеска опозициската партија СДСМ. – Колку e неискрена власта на Груевски со граѓаните, говори фактот што направија измени на измените на пакетот закони […]

Хонорарци: Сакаме да нè слушнете, а не да нè прислушувате

февруари 13, 2015

Со транспаренти „Лебот ни го земавте“, „За луѓе се работи, не за проценти“, „Не сте свесни и ние сме бесни“, „Не ги убивте сите синдикати, тука сме“, хонорарците денеска ги „поздравија“ пратениците, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, Владата, за на крај да им дадат поддршка на студентите кои ја чуваат автономната зона […]

Хонорарците со марш против законот за придонеси

февруари 13, 2015

Од паркот Жена-борец почна протестот на хонорарците, кои се противат на измените на Законот за задолжително социјално осигурување, кои се однесуваат на авторските договори. Од таму тие преку министерството за труд и социјална политика се упатија до Владата на Македонија, а маршот ќе го завршат пред УКИМ. Владата со нови законски измени предвиде придонеси да не […]

Собранието вонредно и скратено ќе расправа за законите за високо образование и за хонорарци

февруари 10, 2015

Собранието ненадејно, денеска, во 13 часот, ќе ја одржи 36. седница, на која на дневен ред ќе бидат измените на Законот за плаќање придонеси на хонорарците и измените на Законот за високо образование. Сите измени на законите се планираат да се донесат по скратена постапка. Предлозите за изменување и за дополнувње на Законот за придонеси […]

Бизнисмените ги поздравија, хонорарците ги отфрлија измените

февруари 9, 2015

Потписниците на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права ги отфрлаат најавите за измени на законите за придонеси за хонорарна работа. Синдикатот на УПОЗ, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“, граѓански здруженија, активисти и поединци остануваат […]

Ќе се менува законот за хонорарци

февруари 8, 2015

Предлог за изменување и за дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување ќе достави до Собранието пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Со најновите измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се врши прецизирање и олеснување на условите за плаќање придонеси на надоместоците остварени врз основа на договор на дело, авторски договор […]

Хонорарците порачаа: Ќе се видиме пак на петок 13-ти!

февруари 6, 2015

Стотина хонорарни работници се собраа денеска пред Министерството за труд и социјална политика да поднесат барања за пристап до информации од јавен карактер и прашања за нелогичностите од новите законски измени, со кои се предвидува плаќање придонеси за хонорарните работници. – На оваа акција го најавуваме и протестот што ќе се одржи на петок тринаесетти бидејќи […]

Хонорарците ќе протестираат утре во 11 часот

февруари 5, 2015

Утре, со почеток во 11 часот, пред Министерството за труд и социјална политика ќе се одржи протестот на хонорарците. Според организаторите на настанот, планот е секој хонорарец да поднесе барање за информација од јавен карактер до Министерството, a потоа да им се придружи на останатите пред министерството. Поднесувањето барања се планира да трае два часа. […]

Се подготвува претставка за законот за хонорарци да стигне до Уставен суд

јануари 5, 2015

Претставка до Уставниот суд за оспорување на законските решенија за хонорарците подготвуваат дел од синдикатите, невладините организации и граѓанските движења што протестираа против законите за плаќање социјални придонеси за хонорарите. Во согласност со последните законски измени, дел од хонорарците чии примања се повисоки од минималната плата во земјава се задолжени да плаќаат придонеси за пензиско и […]

Хонорарците што заработуваат повеќе од минималец ќе се бришат од евиденцијата

декември 25, 2014

Агенцијата за вработување ќе ги избрише од евиденцијата на активни баратели на работа невработените лица што земаат хонорар повисок од минималната плата и ќе ги става во евиденцијата на пасивни баратели, информира денеска директорот на Агенцијата, Влатко Поповски, пренесува „24 Вести“. Овие хонорарци ќе бидат надвор од евиденцијата на активни баратели на работа сè додека им […]

Протест против законот за хонорарци

декември 22, 2014

Околу 3.000 граѓани, со транспаренти „Не сум економско робје“ и „Твојот данок, нивна иднина“, денеска излегоа на улица да го изразат незадоволството од законските измени во согласност со кои 35 отсто од хонорарите ќе се одвојуваат за плаќање здравствено, пензиско осигурување и данок за добивка. Протестот почна со собирање пред споменикот „Прометеј“ во паркот Жена-борец, а […]

Студентите револтирани, најавуваат нов марш „наскоро“

декември 22, 2014

Протестите продолжуваат, студентите нема да се откажат, ниту по отворената седница на Владата на која едногласно се донесе одлуката да се воведе државниот испит, односно предлог-законските измени за образованието. Од „Студентски пленум“ велат дека нема да отстапат од нивните барања да не се воведе државниот испит и дека најверојатно повторно ќе излезат на протест. – […]

Страна 1 од 2