Македонија Собранието по седми пат ја продолжува Конститутивната седница

Собранието по седми пат ја продолжува Конститутивната седница

Собранието денеска во 11 часот ќе го има седмото продолжение на конститутивната седница на која точки на дневен ред се изборот на членови и претседател на Комисијата за избори и менувања и изборот на претседател на Собранието.

Пратениците вчера, како и целата измината седница, воопшто не расправа по овие две точки туку се надмудруваа и меѓусебно се обвинуваа.

Вчера за прв пат после 30 декември во Собранието како пратеник се појави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој во пратеничката клупа се задржа околу еден час, а по паузата ја напушти седницата.

Пратениците на СДСМ го обвинија поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков дека во јануари и во март потрошил шест милиони евра за да купи депо за нафта и бензински пумпи.