Македонија Собранието на 15 октомври ќе одржи седница за расправа за уставните промени

Собранието на 15 октомври ќе одржи седница за расправа за уставните промени

Според веб-страницата на Собранието, претседателот на законодавниот дом Талат Џафери в понеделник, 15 октомври во 11 часот ја закажа седницата на која на дневен ред ќе биде Предлогот за пристапување кон уставни измени. Се очекува истиот ден да биде свикана и Комисијата за уставни прашања на која би почнал претресот по предлогот.

Комисијата за Предлогот за пристапување кон уставни измени може да расправа 10 дена, по што Извештајот од неа повторно треба да се најде на пленарна седница.

Предлагач е Владата, а на предлогот потпишани се премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.