Македонија Собранието го избра новиот состав на Антикорупциската комисија

Собранието го избра новиот состав на Антикорупциската комисија

За претседателка на Антикорупциската комисија е избрана Татјана Димитровска

Фото: Мета.мк

Со 97 гласа „ЗА“, Собранието на РСМ денеска го избра новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). За претседателка на Антикорупциската комисија е избрана Татјана Димитровска.

Во новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе бидат вклучени Цвета Ристовска, Татјана Димитровска, Софија Спасова Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев и Зоран Богоевски. Новиот состав на комисијата треба да почне да функционира на 8 февруари 2024 година.

Изборот на новиот состав на ДКСК не помина без негативни реакции. Снежана Камиловска Трповска, член на Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата објави издвоено мислење по однос на утврдената листа на кандидатите за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Необјективно и оркестрирано гласање при изборот на новата Антикорупциска комисија

По издвоениот став на Снежана Камиловска Трповска, со реакција излезе и Платформата на граѓански организации за борба против корупција која остро ги осуди, како што рекоа, партизацијата и изигрувањето на процесот на избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Осуда од Платформата за борба против корупција за партизацијата при изборот на нови членови на ДКСК