Македонија Собранието ја констатираше оставката на Заев

Собранието ја констатираше оставката на Заев

Собранието на попладневната седница ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев. Тој утрово ја потпиша и ја достави оставката од премиерската функција, но не беше присутен на седницата во парламентот.

Беше константирана и оставката на пратеничката Невенка Стаменковска – Стојкоски, која заминува на позицијата технички министер за информатичко општество и администрација од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

По ова, се очекува во 13.45 часот претседателот на државата Стево Пендаровски да му го додели мандатот за преодна влада на Оливер Спасовски, кој ќе раководи со кабинетот се до стапувањето на новите пратеници на функциите и изборот на новата влада.
Новата техничка влада се очекува да биде изгласана на собраниска седница денеска до полноќ.