Свет Балкан Соботка: Утврден е кризен план за балканската мигрантска рута

Соботка: Утврден е кризен план за балканската мигрантска рута

Една и пол година по затворањето на западнобалканската мигрантска рута, направен е заеднички кризен план кој треба да ја подобри соработката меѓу погодените земји, нагласи австрискиот министер за внатрешни работи, Волфганг Соботка.

Иако засега е мирно долж балканската рута, намерите се де се интензивира соработката со вклучување на војската, со што би се спречиле случувањата од 2015 и 2016 година, кога стотици илјади бегалци преку Турција и Грција стигнаа до Австрија, Германија и до Шведска.

Во рамките на соработката, планирани се и редовни заеднички вежби.