Свет Европа Соботка: Слободата на движење во ЕУ е од клучна важност

Соботка: Слободата на движење во ЕУ е од клучна важност

Чешкиот премиер, Бохуслав Соботка, денеска рече дека евентуалната промена во врска со слободата за движење во ЕУ ќе предизвика „сериозен проблем“.

– Правото да се живее и да се работи каде било во ЕУ е апсолутно од фундаментална важност, имајќи го предвид нашето историско искуство – рече Соботка, реагирајќи на говорот на британскиот премиер Дејвид Камерон за промените што ги бара во прописите на ЕУ.

Соботка додаде дека Чешка може да поддржи мерки кои ја подобруваат регулацијата, ја продлабочуваат економската интеграција и ја подобруваат комуникацијата на членките на еврозоната и на остатокот од ЕУ.