Свет Соборен црниот рекорд – 262 новинари ширум светот се зад решетки

Соборен црниот рекорд – 262 новинари ширум светот се зад решетки

Комитетот за заштита на новинарите, со седиште во Њујорк соопшти дека 262 лица се наоѓаат во затворите ширум светот поради својата работа.

Комитетот наведува дека е соборен негативниот рекорд, истакнувајќи дека станува збор за најголем број притворени новинари откога Комитетот кон почетокот на 90 години на минатиот век кога почнал да го спроведува годишното истражување за „новинари зад решетки“.

Како што јавуваат странските агенции, годинава е соборен минатогодишниот рекорд кога во затвор биле 259 новинари.

Комитетот нагласува дека трите земји во кои има најмногу затворени новинари се Турција, Кина и Египет.

Во Турција, како што се наведува, 73 новинари се наоѓаат зад решетки, во Кина 41, а 20 во Египет.
Комитетот наведува дека нивната листа претставува преглед на новинари кои се уапсени поради вршење на својата работа и се однесува на периодот до 1 декември. Во листата не се вклучени новинарите кои биле притворени, а потоа во текот на годината се пуштени на слобода.