Свет Соборен хеликоптер на ирачката војска, загинаа двајцата членови на екипажот

Соборен хеликоптер на ирачката војска, загинаа двајцата членови на екипажот

Ирачката влада денеска соопшти дека екстремисти на Исламска држава собориле хеликоптер на ирачката војска над Мосул, при што загинале двата члена на екипажот.

Министерството за одбрана на Ирак наведува дека инцидентот се случил за време на преземањето на градот од рацете на ИД.

Во соопштението се наведува дека хеликоптерот е погоден со оган од земја и дека паднал на истокот на Мосул. Камерман на новинската агенција АП забележал голема огнена топка и густ црн чад на местото на падот.