Македонија Со вкупен грант од 10,8 милиони евра од МТСП, општините ќе развиваат...

Со вкупен грант од 10,8 милиони евра од МТСП, општините ќе развиваат социјални услуги

Градоначалници и други преставници од локалните самоуправи денеска во просториите на ЗЕЛС учествуваа на презентација на „Проектот за подобрување на социјалните услуги“ со цел локалните власти детално да се информираат за можности за развој на социјални услуги во локалната заедница, согласно со потребите на корисниците.

„Една од главните цели на проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно со потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра, за период на имплементација од 5 години. Општините ќе може да аплицираат за грантови наменети за проекти за развој на социјални услуги во локалните заедници, вклучувајќи непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка и други иновативни услуги во заедницата”, изјави Душан Томшиќ од Министерството за труд и социјална полиика.