Хроника Со туѓа картичка се обидел да извади пари од банкомат

Со туѓа картичка се обидел да извади пари од банкомат

Беровец е осомничен за оштетување и за неовластено навлегување во компјутерски систем, откако со туѓа кредитна картичка се обидел да извади пари од банкомат.

Според полициските информации, осомничениот Д.А. (25), кон средината на октомври годинава, додека седел во угостителски објект, зел туѓо палто, кое подоцна го вратил, но без паричникот, кој го задржал за себе. Со кредитна картичка, сопственост на друго лице, осомничениот трипати се обидел да извади пари од банкомат.