Аудио приказни за деца „Бесконечно царство“ е нов проект на медиумскиот едукатор Николина Атанасова, во соработка со порталот Glasno.mk. Се работи за авторски приказни од македонски писатели, актери, ентузијасти и креативци, кои децата ќе може да ги слушаат преку Youtube каналот на Атанасова.
Станува збор за авторски проект, како што вели таа, кој поради финансиски причини и лични обврски, за сега ќе се објавува еднаш месечно.
Денеска во 18 часот е закажана премиерата за првата аудио приказна „Тажниот осамен змеј“.