Економија Со инвестиции и со вработувања, компаниите да ѝ пркосат на кризата

Со инвестиции и со вработувања, компаниите да ѝ пркосат на кризата

Со инвестиција од 1,5 милион евра и со 25 нови вработувања за производство на нивниот нов прозвод, „македонско пиво“, компанијата „Кожувчанка“ ѝ пркоси на економската криза.

Претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески, истакна дека кога светот сè уште ги чувствува последиците од економската криза, голема работа е домашна компанија да применува нови инвестиции.

– На членовите на семејството Јанчеви, кои ја основаа компанијата, не им неодстига визија и знаење, туку им недостигаат следбеници во македонската економија, кои ќе го прошират производството и ќе вработуваат нови луѓе – изјави Азески.

Компанија ја прославува 20-годишнината од постоењето и е една од најбрзорастечките во земјава, со 120 вработени и со три фабрики.

– Изминатите 20 години, инвестиравме во производството и во тимот и овој успех во 2005 година го забележа „Синалко интернешнал“, со што станавме овластен производител и дистрибутер на нивните производи -изјави генералниот директор на „Кожувчанка“, Митко Јанчев.