Македонија Со експлозив разнеле банкомат во Бутел, но не ги украле парите

Со експлозив разнеле банкомат во Бутел, но не ги украле парите

Со експлозијата се оштетиле три возила, кои биле паркирани во непосредна близина, а од силната детонација се вознемириле и жителите во околните објекти

Фото: МВР

Четири лица утринава се обиделе со експлозив да ограбат банкомат во скопската населба Бутел. Како што информираше Мнистерството за внатрешни работи (МВР), настанот се случил утринава околу три часот, но сторителите не успеале да го отворат банкоматот.

Со експлозијата, како што соопшти МВР, биле оштетени три возила кои биле паркирани во непосредна близина, а од силната детонација се вознемириле и жителите во околните објекти.

МВР соопшти дека во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.