Свет Свет Со дронови нападнати позициите на ИСИС

Со дронови нападнати позициите на ИСИС

Британското министерство за одбрана соопшти дека беспилотни летала првпат се употребени при напади на цели на екстремистите на Исламсистичка држава во Ирак.

Дронот „рипер“, за време на викендот, успешно ги нападна припадниците на ИСИС, се наведува во соопштението.

Леталото истрелало проектили „хелфајр“ на цели на ИСИС во близина на Бејџија, северно од Багдад, во момент кога екстремистите поставувале импровизирани експлозивни направи.

Сè до викендов, беспилотните летала беа користени само за набљудување во Ирак и во Сирија.

Во акциите се користени и британски борбени авиони, а две ракети „торнадо“ уништиле контејнер во кој екстремистите чувале опрема.