Култура „Со читање до лидерство“ во Детскиот креативен центар

„Со читање до лидерство“ во Детскиот креативен центар

Настанот е наменет за ученици на возраст до 10 години

Денеска во Детскиот креативен центар при МКЦ – Скопје се организира заедничко читање сликовници. Проектот е на УСАИД и е наречен „Со читање до лидерство“ .

Настанот е наменет за ученици на возраст до 10 години, како и за возрасните кои би сакале да го посетат центарот и да се забавуваат со активностите за поттикнување на јазична и на математичка писменост кај децата.

Покрај заедничкото читање сликовници, сите посетители ќе имаат можност да ги користат ресурсите и активностите кои се достапни во центарот, како што се: библиотека со детска литература, џиновски сликовници, компјутери и интерактивни табли, математички игри, катчиња за читање, ликовно ателје и многу други.

Детскиот креативен центар е обновен и опремен во рамки на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.