Економија Сојузот на синдикати смета дека Владата ќе придонесе да се зголеми бројот...

Сојузот на синдикати смета дека Владата ќе придонесе да се зголеми бројот на невработени

Сојузот на синдикати на Македонија реагира на денешната изјава на министерката за финансии Нина Ангеловска во врска со олабавувањето на условите за задржување на бројот на вработени, при користење на мерката за субвенции на плати за стопанството.

„Сојузот на синдикатите на Македонија и се „заблагодарува“ на министерката за финансии Нина Ангелова, што во целост ги поддржува и применува мерките од „газдите“ и придонесува да се зголеми бројот на невработени, како честитка по повод претстојниот 1- ви Мај, Меѓународниот ден на трудот,“ велат од ССМ.

Од ССМ ги потсетуваат Министерството за финансии и Владата „дека давање на финансиска поддршка која на крајот на денот ќе се враќа од парите на работниците и преку даноците на граѓаните, не смее да овозможува намалување на бројот на вработени односно државата да го финансира отпуштањето на работниците под притисок на работодавачите.“

„Во овие моменти кои се исклучително тешки за македонските работници, Владата, ниту пак Министерството за финансии, не смеат да носат уредби по нарачка и притисок од работодавачите, коморите и сл., кои се на штета и на грбот на работниците, се вели во реакцијата,“ се додава во соопштението.