Свет Балкан Словенија го откажа прифаќањето на уште 300 мигранти

Словенија го откажа прифаќањето на уште 300 мигранти

Словенија го откажа прифаќањето на 300 мигранти за кои вчера попладне било предвидено да влезат од Хрватска преку граничниот премин Брегана-Обрежје, и со тоа го заврши приемот на мигранти, објави словенечката полиција.

Во текот на вчерашниот ден, во Словенија влегле вкупно 2.100 мигранти, а во моментов повеќе од 2.300 чекаат да заминат во Австрија во прифатните центри Шентиљ и Горен Радгон, на самата граница, јавуваат хрватските медиуми.

Државниот секретар во словенечкото МВР, Боштјан Шефиц, вчера изјави дека Словенија засега нема да ги прима мигрантите што доаѓаат со возови.