Спорт Словачка си замина со три бода

Словачка си замина со три бода

Македониската репрезентација се наоѓа на четвртото место на табелата

Македонската фудбалска репрезентација изгуби од Словачка со 0:2 во квалификациите за Европското првенство во Франција 2016. Ова за македонските фудбалери беше трет пораз во четвртиот натпревар и останува на четвртото место на табелата со само три поени. Словачка има максимални 12 поени и е лидер на табелата во нашата група, пред Шпанија и пред Украина кои имаат по девет. Во другите натпревари од нашата група, Шпанија ја совлада Белорусија со 3:0, а Украина со истиот резултат славеше на гостувањето кај Луксембург.
Македонскаите фудбалери го играат следниот меч против Белорусија во Скопје, на 27 март наредната година.