Македонија Слободан Богоевски пуштен од затворот во Куманово

Слободан Богоевски пуштен од затворот во Куманово

Попладнево, околу 16 часот, од затворот во Куманово е ослободен потанешниот разузнавач Слободан Богоевски, објави телевизија „Телма“.

Богоевски е ослободен откако ја отслужи затворската казна од една година и 7 месеци, на која беше осуден во рамките на процесот за акцијата „Агент“. Богоевски беше осуден за учество во финансиски малверзации поврзани со купување имот кај базенот во Карпош. Тој цело време тврдеше дека е невин и дека власта го мести за да не ги сподели информациите што тој ги знае за случајот „Маѓар телеком“.

Богоевски за „Телма“ потврдил дека е ослободен и рекол дека досега никој од Специјалното обвинителство ниту, пак, од друга институција не му барал изјава или сведочење за случајот „Маѓар телеком“.