Македонија Следниот вторник, Рамазан Бајрам, е неработен за сите граѓани

Следниот вторник, Рамазан Бајрам, е неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека согласно со Законот за празниците, 4 јуни 2019 година (вторник), првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, МТСП на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.