Свет Свет Следната фаза во Сирија е целосен прекин на огнот, порача Путин

Следната фаза во Сирија е целосен прекин на огнот, порача Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Токио изјави дека по ослободувањето на Алепо, следна фаза во нормализирањето на ситуацијата во Сирија е целосен преки на огнот во земјата.

– Следната фаза е постигнување договор за целосен прекин на огнот на територијата на цела Сирија – рече Путин по средбата со јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

Путин, исто така, истакна дека пред два дена разговарал со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и оти се согласиле да им предложат нови мировни преговори на нов терен на завојуваните страни во Сирија, односно на владата и на вооружената опозиција. Како можна локација за преговорите, го предложиле главниот град на Казахстан, Астана.

Ако завојуваните страни се согласат, Путин и Ердоган ќе побараат поддршка од казахтанскиот претседател, Нурсултан Назарбаев.

Рускиот претседател истакна дека овој мировен процес нема да претставува конкуренција на Женева, туку само дополнување на женевските преговори.