Македонија Славјанка Петровска ја започна кампањата за лидер на СДСМ

Славјанка Петровска ја започна кампањата за лидер на СДСМ

Таа пред членството го презентираше „Манифестот за Социјалдемократија”, програмата со која, како што вели, планира големи реформи во СДСМ и со која ќе се врати победничкиот дух

Фото: Фејсбук профил на Славјанка Петровска

Во матичната општинска организација Бутел, Славјанка Петровска ја започна кампањата за претседателка на СДСМ. Таа пред членството го презентираше „Манифестот за Социјалдемократија”, програмата со која, како што вели, планира големи реформи во СДСМ и со која ќе се врати победничкиот дух.

„Тоа е за доброто на државата. Благодарам на сите за масовата поддршка на првиот ден од кампањата“, напиша Петровска на својот профил на фејсбук.

Славјанка Петровска е една од четирите кандидати за лидер на СДСМ. За оваа позиција претенденти се и поранешниот министер за здравство и пратеник Венко Филипче, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.