Македонија Слаби врнежи од снег на Стража, магла на Ѓавато и на Плетвар

Слаби врнежи од снег на Стража, магла на Ѓавато и на Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по на места влажни коловози, а повремени врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот премин Стража, информира Автомото-сојузот на Македонија.

Поради појава на магла, намалена е видливоста од 10 до 20 метри на Попова Шапка и од 50 до 100 метри на планинските премини Ѓавато и Плетвар.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сè уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.