Економија Слабеењето на доларот ја зголеми цената на нафтата во Азија

Слабеењето на доларот ја зголеми цената на нафтата во Азија

Цената на нафтата денеска закрепнува во Азија, што е поттикнато од слабеење на доларот, како и од шпекулациите за можно намалување на производството од членките на Организацијата на земјите-извозници на нафта (ОПЕК).

Трговците одлучиле да ги игнорираат информациите за уште едно зголемување на американските комерцијални резерви на сурова нафта.

Американското министерство за енергетика соопшти дека комерцијалните резерви на таа суровина во САД, кои се најголем светски потрошувач на нафта, се зголемиле на 7,8 милиони барели во неделата, заклучно со 29 јануари.

Нафтата се тргува со долари, па падот на американската валута ја прави поевтина за купувачите чиишто земји имаат послаба валута, што, пак, ја поттикнува побарувачката.