Македонија Скопскиот јавен превоз на 1, 6 и 7 јануари по неделен зимски...

Скопскиот јавен превоз на 1, 6 и 7 јануари по неделен зимски возен ред

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, автобусите од скопскиот јавен превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот, а изменето работно време ќе има и Жичарницата на Водно, информираат од ЈСП – Скопје. Ноќните линии на 31 декември (вторник) кон 1 јануари (среда) ќе сообраќаат по возен ред како во сабота кон недела.

На 1 јануари (среда) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен зимски возен ред. Од 2 јануари (четврток), поради зимскиот училиштен распуст, возниот ред на автобусите ќе биде редуциран до завршување на распустот на учениците. На 6 јануари (Бадник, понеделник) и 7 Јануари (Божиќ, вторник) автобусите ќе сообраќаат по неделен зимски возен ред.

Жичарницата на Водно нема да работи на 31 декември (вторник). На 1 јануари (среда), Жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот, а отворена за посетители од 10 до 17 часот ќе биде на Бадник (6 Јануари, понеделник) и Божик (7 Јануари, вторник).

На 6 јануари (Бадник, понеделник) линијата 25 кон Средно Водно ќе сообраќа по делничен зимски возен ред, додека линиите 25А и 25Б нема да сообраќаат. На 7 јануари (Божиќ, вторник) сите три линии кон Средно Водно ќе возат по неделен зимски возен ред.

Од ЈСП – Скопје информираат дека на 1, 6 и 7 јануари дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и во Ѓорче Петров.
На 1 јануари сите три билетарници ќе работат од 10 до 18 часот.

На Бадник (6 јануари, понеделник) и Божиќ (7 јануари, вторник) билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот, а билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар од 7 до 19 часот.