Македонија Скопје го одбележува Светскиот ден на срцето

Скопје го одбележува Светскиот ден на срцето

Со поддршка на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје на Република Македонија, денеска ќе го одбележи Светскиот ден на срцето – 29 септември.

Светскиот ден на срцето годинава се одбележува под мотото „Избори за здраво срце за секого, секаде“. За таа цел, од 10 до 14 часот, во Градскиот парк во Скопје, кај Школка ќе има бесплатни превентивни прегледи, ќе се дистрибуира пропаганден материјал со содржини за правилни избори за здраво срце, ќе има ликовна работилница и изложба на детски цртежи посветени на срцето и на здравите навики.

Организацијата на настанот е во соработка со НВО Здрава иднина, здружение за превенција од кардиоваскуларни болести, а ќе учествуваат и претставници од други здравствени установи.