Хроника Скопјанка загина во пожар што избувнал во станот каде што живеела

Скопјанка загина во пожар што избувнал во станот каде што живеела

Вчера, околу 6.30 часот, во Скопје на улица Вера Јоциќ, во подрумската просторија преадаптирана во станбен простор, избувнал пожар, при што од огнот и од чадот што ја зафатиле просторијата, С.К. (57) се задушила и починала. Нејзиниот брат С.К. (50) по забележувањето на чадот се обидел да го изгасне огнот, но не успеал.

Пожарот бил изгаснат од екипа на бригадата за противпожарна заштита. Од страна на екипа од итна медицинска помош констатирана била смртта на С.К.

Увид бил извршен од увидна екипа при СВР-Скопје, по што станот бил запечатен. Со наредба на јавен обвинител, телото на починатата било пренесено во институтот на Судска медицина за понатамошна постапка.