Хроника Скопјанец загинал по пад од кран

Скопјанец загинал по пад од кран

Миодраг Н. (52) од Скопје вчера попладне го загубил животот, пагајќи од кран на висина од околу осум метри, информира полицијата.

Несреќата се случила околу 16.30 часот во Гевгелија, додека скопјанецот изведувал електричарски работи, односно пуштање електрични кабли за видеонадзор, велат од полицијата.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Јавен обвинител и екипа на гевгелиската полиција извршиле увид на местото.

По наредбата на јавниот обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.