Дописници Скопјанец обил продавница во Охрид и ја повредил сопственичката

Скопјанец обил продавница во Охрид и ја повредил сопственичката

СВР од Охрид поднесе кривична пријава против С.Р. (38) од Скопје, кому му е одредена  мерка притвор во траење од триесет дена. Полицијата го товари за постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојничка кражба“.

Пријавениот, заедно со уште едно засега непознато женско лице, со подесен алат ги скршиле двата катинари од метална решетка, поставена на влезната врата од продавницата „Заум пром-Маргарите“ ДООЕЛ – Охрид лоцирана на улицата „Јане Сандански“ во Охрид.

Насилно влегле во продавницата и од касата одзеле 1.500,оо денари. Потоа од работните сталажи одзеле разновидни марки цигари и ги ставиле во најлонски црни кеси кои ги имале со себе.

Забележувајќи ја сопственичката и оставајќи ја најлон кесата, двајцата влегле во патничкото возило сопственост на С.Р. и избегале, меѓутоа при паничнииот маневар со возилото, сега притворениот С.Р. со задниот дел од автомобилот ја удрил сопственичката на продавницата нанесувајќи и телесни повреди.