Економија Скок на цената на нафтата

Скок на цената на нафтата

Цената на нафтата при тргувањето на азискиот пазар се зголеми откако Европа одговори на нападите на Исламска држава во Париз, а резервите на нафтата во САД повторно се зголемија.

– Нападите против Исламска држава би можеле да ги зголемат геополитичките тензии за нафтата на Блискиот Исток, што би довело до поскапување на нафтата – изјавија од консултантската куќа EY за Азија и за Пацификот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд најави формирање широка коалиција против Исламска држава со учество на Вашингтон и на Москва.

Засега, високите резерви на нафтата на глобално ниво и стравување од забавување на европската економија ја одржуваат цената на нафтата на ниско ниво.