Главна секција СЈО трага по началник на УБК

СЈО трага по началник на УБК

Специјалното јавно обвинителство трага по началникот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујоски, а се подготвуваат и обвиненија за шест лица кои се сомничат за кривично дело неовластено прислушување и тонско снимање.

СЈО вчера побарало судски налог за претрес на домот на Грујоски, но судијата одбил ваквото барање. Исто така е одбиено и барањето за притвор на осомничениот.

Засега, како што дознаваме Грујоски не е достапен за СЈО, а полицијата трага по него.

Во меѓувреме, СЈО најави прес-конференција за денеска во 11 часот, која најверојатно ќе биде посветена за обвиненијата против шесте вработени во УБК, осомничени за прислушување.