Македонија СЈО ќе се жали во Апелација за изземањето на „бомбите“ од три...

СЈО ќе се жали во Апелација за изземањето на „бомбите“ од три случаи

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе поднесе жалба на одлуките на Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 да се издвојат „бомбите“ од случите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“. Советот проценил дека телефонските разговори се доказ прибавен на незаконит начин и со кршење на правата и слободите утврдени со Уставот на Република Македонија.

– Одлуките стасаа вчера и секако ќе биде поднесена жалба во Апелациски суд Скопје – вели за „Мета“, Панта Џамбазовски, портпарол на СЈО.