Главна секција Сите неодговорени прашања од синоќешната драма пред и во Собранието

Сите неодговорени прашања од синоќешната драма пред и во Собранието

Утринава околу зградата на Собранието е мирно, а зградата ја обезбедуваат полицајци. Таму се собрани десетина граѓани и има поставено четири шатори. Сите вработени во Собранието се на работа.

По вистинската драма остануваат многу неодговорени прашања за насилното влегување во зградата и за физичките напади врз пратеници и новинари:

  • Кој ѝ ги отвори вратите на толпата?;
  • Зошто полициски функционери (со еполети со три ѕвезди) се гушкаат и се бакнуваат со лица од толпата?;
  • Зошто толку доцнеше полициската интервенција?;
  • Зошто нема уапсени?;
  • Кој го испука истрелот?;
  • Дали Нухиу можел да донесува одлуки?;
  • Кој ги командува специјалните сили?;
  • Зошто Иванов не ги осуди насилствата?;
  • Зошто „лидерите“ на толпата јано не повикаа на ненасилства и не го осудија настанот?;
  • Дали лицата со качулки се припадници на т.н. иницијатива „За заедничка Македонија“?;
  • Зошто телохранителот на Заев толку лошо реагираше?;
  • Зошто никој не ја одбрани Шекеринска?