Свет Сириската опозиција сака преговори со Асад

Сириската опозиција сака преговори со Асад

Истакнат припадник на сириската опозиција повика на директни преговори со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во обид да се стави крај на повеќегодишната војна.

Поранешниот прв човек на опозициската Национална коалиција, Ахмад ал Катиб, изјави дека би можел да го види Асад како останува на власт во Сирија, но само уште ограничен период. Ваквата изјава се коси со основниот услов на опозицијата за оставка на Асад.

– Тоа е во интерес на сирискиот народ, да седнеме и еднаш засекогаш да најдеме начин да ги заштитиме луѓето од болка и од страдање – изјави Ал Катиб.

Поранешниот лидер смета дека сириската опозиција сака да го реши проблемот затоа што сега „проблемот сè повеќе влијае врз сите – режимот, опозицијата и луѓето кои страдаат“.

Во војната во Сирија загинаа повеќе од 195.000 лица, а половина од популацијата беше принудена да ги напушти своите домови.