Свет Свет Сириската опозиција ќе се сретне со владата на Асад за прекин на...

Сириската опозиција ќе се сретне со владата на Асад за прекин на огнот

Обединетата сириска опозиција во јануари ќе се сретне со претставници на сириската влада во обид да пронајдат политичко решение за петгодишните судири, објавено е денеска по завршувањето на дводневната конференција во Ријад.

Повеќе од 100 претставници на сириски опозициски и бунтовнички групи се согласија заедно да ги подготват мировните преговори со владата на претседателот Башар ал Асад. Преговорите ќе почнат до 10 јануари.

Во прифатената декларација стои дека Асад мора да замине од власт на почеток на транзицискиот период и оти целта е да се воспостави декларативна граѓанска држава Сирија, која ќе ги вклучи сите жители. Учесниците се обврзаа да ги зачуваат институциите, да почнат разговори со сириската влада и да прифатат прекин на огнот под надзор на ОН.

Учесниците со изјава се обврзаа дека ќе прифатат политички состав што ќе ги претставува сите сектори на сирискиот народ и дека нема да дискриминираат ниту една верска група или секта.