Свет Сирија првпат во историјата доби жена претседател на парламентот

Сирија првпат во историјата доби жена претседател на парламентот

Првпат во историјата на Сирија, жена, членка на партијата на Башар Ал Асад, стана претседател на парламентот.

Хадија Абас (58) убедливо победи на изборот за претседател на парламентот на денешната владина седница.

Абас е дипломиран земјоделски инженер.

Сирија имаше две седници на парламентот од почетокот на војната во 2011 година, во која досега загинаа повеќе од 250.000 луѓе.