Свет Сирија: 34 мртви во нападите на Дума

Сирија: 34 мртви во нападите на Дума

Најмалку 34 лица загинаа во бомбардирањето на сирискиот град Дума, во близина на Дамаск, соопшти сириската опозициска Опсерваторија за човекови права со седиште во Бејрут.

– Во нападите на владините сили на Дума загинаа 34 лица, меѓу кои 12 се деца и осум се жени – изјави директорот на Опсерваторијата Рами Абдел Рахман.

Истовремено, во ракетен напад на сектор под контрола на владините сили, североисточно од Дамаск, убиени се девет лица.