Свет Во напад во сирискиот град Латакија 23 загинати

Во напад во сирискиот град Латакија 23 загинати

Најмалку 23 лица загинаа, а десетици се ранети во денешниот напад на сирискиот крајбрежен град Латакија, кој е упориште на сириските владини сили, јавуваат државните медиуми.

Државната телевизија прецизирала дека во два минофрлачки напади се убиени 22, а ранети се 65 лица.

Латакија се наоѓа на подрачјето во кое доминантно население е алавитското малцинство, кон кое припаѓаат и припадниците на владата во Дамаск. Ова подрачје за време на четири и полгодишната граѓанска војна најчесто беше поштедено.