Македонија Синдикатите на пет универзитети најавија протест заради непотпишување на колективниот договор

Синдикатите на пет универзитети најавија протест заради непотпишување на колективниот договор

Синдикатите на Универзитетот во Тетово, „Гоце Делчев“ од Штип, „Св. Климент Охридски“ од Битола, „Мајка Тереза“ од Скопје и „Св. Апостол Павле“ од Охрид, најавија дека утре во 13 часот, сите нивни  вработени ќе одржат мирен протест пред влезовите на своите згради

Фото: Фисник Џелили, Порталб.мк

Вработените на пет универзитети најавија протест за утре како израз на незадоволство што со нив не е потпишан колективен договор. Синдикатите на Универзитетот во Тетово, „Гоце Делчев“ од Штип, „Св. Климент Охридски“ од Битола, „Мајка Тереза“ од Скопје и „Св. Апостол Павле“ од Охрид, најавија дека утре во 13 часот, сите нивни  вработени ќе одржат мирен протест пред влезовите на своите згради. „Синдикатите се обединети околу ставот дека се игнорирани и дискриминирани од Собранието и Владата на Република Северна Македонија со непотпишување на колективниот договор со петте јавни универзитети“, се вели во соопштението на петте универзитети.

Тие го поздравуваат спроведувањето на колективниот договор со УКИМ, но, на надлежните им порачуваат дека истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминацијата и нееднаквост, бидејќи останатите пет јавни универзитети го уживаат истиот статус, реализираат иста оштествена дејност, со иста одговорност и со непотпишување на колективниот договор неправедно се изоставени настрана од државата. Синдикатите во соопштението наведуваат дека во протестот нема политичка боја, туку е организиран за враќање на достоинството, интегритетот и правдата.