Свет Силен земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес во Јапонија

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала, денеска го погоди североисточниот брег на Јапонија, соопшти американскиот Геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил 132 километри североисточно од градот Хачинохе, а се случил на длабочина од 80 километри.

Засега нема податоци за евентуални жртви, ниту за причинета материјална штета.