Свет Свет Силен земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Јапонија, соопшти Американскиот геолошки завод.

Земјотресот го погодил подрачјето на околу 300 километри источно од Ивакија, на Хоншу, на длабочина од 77,8 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви, ниту за причинета материјална штета.