Свет Свет Силен земјотрес регистриран во Централен Мјанмар

Силен земјотрес регистриран во Централен Мјанмар

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Мјанмар.

Американскиот геолошки завод соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на околу 25 километри западно од градот Чаук, на длабочина од 84 километри.

Засега нема информации за причинета штета, а земјотресот се почувствувал и во главниот град на Тајланд, Бангкок.