Свет Силен земјотрес регистриран на Фиџи

Силен земјотрес регистриран на Фиџи

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран кај островот Фиџи, но нема извештаи за евентуални последици и за штети, соопшти американскиот геолошки институт.

Пацифичкиот центар за предупредување издаде предупредување за цунами, кое беше на сила еден час.

Епицентарот на потресот бил на 284 километри југозападно од престолнината Сува, на длабочина од околу 15 километри.
Жителите на туристичкото место Нади, на главниот остров, се евакуирани по потресот, јави радиото „Нов Зеланд“.